МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Измените на Уставот в среда пред Уставниот суд
Заев: Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени
Иванов ќе се обрати во Собранието на 28 декември
Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје
Свет
Туск: Европа, Кина, САД и Русија имаат заедничка должност да не го уништат светскиот поредок

Туск: Европа, Кина, САД и Русија имаат заедничка должност да не го уништат светскиот поредок

понеделник, 16 јули 2018, 12:55ч.   |   Z.H.

 Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги повика лидерите на САД, Русија и Кина да соработуваат со Европа, за да се избегнат трговски војни и да се спречат конфликти и хаос во светот.

Туск на отворањето на самитот на Кина и ЕУ во Пекинг рече дека Европа, Кина, САД и Русија имаат „заедничка одговорност“ да не го уништат светскиот поредок, туку да го подобрат со реформа на меѓународните трговски правила.
 
„Затоа ги поттикнувам нашите кинески домаќини, како и претседателите Путин и Трамп, заедно да го почнеме тој процес на темелна реформа на Светската трговска организација. Сè уште има време да се спречат конфликти и хаос“, рече претседателот на Европскиот совет.
 
Тој минатата недела остро реагираше на постојаните критики на Трамп од европските сојузници и го повика да се присети кои му се пријатели кога ќе се сретне со Путин.
 
„Ние сите сме свесни за фактот дека архитектурата на светот се менува пред нашите очи и наша заедничка одговорност е да придонесеме за позитивни промени“, рече Туск неколку часа пред самитот на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Хелсинки.
 
Кинескиот премиер Ли Кечијанг денеска рече дека Кина и ЕУ се согласиле да преземат чекори кон „зачувување на слободната трговија“ и глобалниот мултилатерален регулаторен систем. Тој ги пофали напорите за измени на правилата на СТО за кои Вашингтон тврди дека се надминати.
 
На прашањето дали Пекинг ја искористил денешната средба за да се обиде да создаде сојуз со ЕУ против Вашингтон, Ли рече дека спорот меѓу САД и Кина е билатерално прашање што двете земји треба да го решат.
 
„Нашиот самит не е насочен против ниедна трета земја“, рече Ли на заедничката прес-конференција со Туск.

© ЖУРНАЛ    ~55,19

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
ЕУ го укинува зимското сметање на времето
Уапсена главната финансиска директорка на „Хуавеј“
Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија
Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење
Кина за првпат ги покажа новите проектили во борбените авиони J-20
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.