Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Повеќе од 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Повеќе од 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа
zajko-i-cipras-696x418.jpg

Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.

Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.

– Ги почитува достоинството и правото на самоопределување на соседната земја. Го потврдува јазичниот договор (како што е признаено од нашата земја веќе со децении) и државјанството на соседната земја и ја покажува во пракса волјата на Грција за градење на стабилна иднина на пријателство и мир со „Северна Македонија“. Грција, како демократска и европска земја ги почитува одлуките и основните принципи на ОН – пишува во текстот.

Според грчките медиуми, својот потпис досега го ставиле вкупно 326 лица, а потпишувањето продолжува.

Меѓу потписниците има универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели, адвокати …, јави дописничката на МИА од Атина.

 16.07.2018, 11:15  | Xh.I. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

NAJCITANI
 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

18870
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.