МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Наредната недела политичарите ќе треба да решат за ДИК и за референдумот, можна е и лидерска средба

Наредната недела политичарите ќе треба да решат за ДИК и за референдумот, можна е и лидерска средба

сабота, 14 јули 2018, 10:18ч.   |   Xh.I.

Формирањето на новиот состав на Државната изборна комисија и одржувањето на референдумот се прашањата на кои во следниот период ќе бидат фокусирани политичките чинители во државата.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека дебатата во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК, ќе почне кон крајот на овој месец.

„Прво треба да се запази моментот на составувањето на ДИК. Составувањето на ДИК нема, ниту треба да има каква било поврзаност со одржување на референдумот. Тоа е логично прашање кое дојде по оставките на членовите на ДИК“, изјави Заев.

Според него, ДИК треба да се формира веднаш бидејќи тоа е обврска на Парламентот и на сите политички чинители во државата. Верува дека деновиве преговарачките тимови ќе успеат да ги усогласат ставовите и оти ќе нема услови што ќе имплицираат блокирање на референдумот.

Доколку не се договорат преговарачките тимови, Заев не ја исклучи можноста за одржување на лидерска средба.

Формирањето на ДИК, која треба да ги направи сите неопходни подготовки за референдумот, сѐ уште е неизвесно.

Министерката за правда Рената Дескоска предупреди дека секое доцнење со формирањето на ДИК, може да значи и недоволна подготвеност новоизбраните членови да ги спроведат сите неопходни активности за референдумот. Според неа, изборот на новиот состав на ДИК не треба да зависи од никакви други пакети и други закони.

И за СДСМ одржувањето на референдумот е приоритет за сите, а преку формирањето на ДИК се отвара патот за отпочнување на сите процеси поврзани со распишување на референдумот.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека демократски избори не се можни без техничка влада и професионална Државна изборна комисија. Бараат пред да се избере новиот состав на ДИК, да бидат донесени законите за финансирање на политичките партии и за влада.

Референдумот е обврска од Договорот за решение за името и стратешко партнерство со Грција и е дел од внатрешните процедури кои треба да се спроведат пред полноправното членство на земјата во НАТО.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.