МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Економија
Американски „Теламон“ влегува во Македонија

Американски „Теламон“ влегува во Македонија

петок, 13 јули 2018, 14:27ч.   |   Xh.I.

Мултинационалната компанија „Теламон“ од САД денеска го потпиша договорот за реализација на својата инвестиција во Македонија која ќе достигне до 11 милиони евра. Ќе вработи 600 лица, а ќе произведува електрични кабли за автомобилската индусрија. Планира долгорочна соработка, а Македонија ја избрале помеѓу повеќе земји од Централна и Источан Европа за да го прошири своето производство од САД во Европа.

Договорот го потпишаа министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска и директор на „Теламон“ Том Пуза. На потпишувањето на договорот присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев.

- Остануваме посветени на создавање поволна деловна бизнис и атрактивна клима за да ја препознаат Македонија како стабилна долгорочна бизнис дестинација која обезбедува и сигурност на нивната инвестиција и капитал, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека поканата што ја добивме за почеток на преговори за членство во НАТО рече дека уште повеќе ќе ја зацврсти оваа позиција на Макеоднија како посакувана и стабилна дестинација.

- Граѓаните ќе го поддржат нашето членство во ЕУ и НАТО бидејќи знаат дека придобивките се огромни, имаат една посакувана цел подобрување на животот на сите, потенцира Заев.

Според вицепремиерот Анѓушев изборот на „Теламон“ да го прошири своето производство во Македонија покажува дека земјата е конкурентна во својата политика на поддршка на директните странски инвестиции.

- Таквите компании ја препознаваат Македонија како место за развој на нивниот натамошен бизнис и стратегија како компанија. Тоа не поттикнува да ги развиваме нашите економски политики и ни кажува дека сме на добар пат да го имплементираме она што сме го смислиле, рече Ангушев и додаде дека претставници на компанијата дошле само пред шест месеци и оти во Владата посветено се работело да се создадат услови таа да почне со своите активности.

За министерката Апостолска потпишувањето на Договорот е потврда за успешната економска политика на Владата во делот на странските инвестиции.

Компанијата првично ќе инвестира четири милиони евра со вработување на 300 лица, а долгорочниот план е инвестиција од 11 милиони евра и 600 вработување.

Директорот на „Теламон“ Том Пуза посочи дека до крајот на годината очекуваат да имаат 50 вработени, веќе се примени првите, а првите производи до потрошувачите да ги испорачаат до есен.

Тој вели дека како американска компанија почетокот на работа во Европа е голем предизвик и оти е значајна помошта што ја добиваат тука. Целта на компанијата, вели, е сеопфатна и има за цел да има позитивно влијание врз сите засегнати страни и исто така е заинтересиран за долгорочна соработка.

- Во нашето патување за да ги задоволиме барањата на нашите потрошувачи направи блиско истражување на различни земји во Централна и Источна Европа. Избравме неколку за да ги посетиме вклучувајќи ја и Македонија и навистина бевме пријатно изненадени од она што не пречека. Наидовме на група љубезни луѓе кои беа заинтересирани за развојот на земјата и активно да учествуваат во бизнисот, рече Пуза.

Компанијата работи во Мексико, Кина и САД каде има претставништва на девет локации. Ова е прва фабрика во Европа.

© ЖУРНАЛ    ~69,23

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Бензините поевтинуваат за 4 и 4,5 денари
Поскапуваат бензините и дизелот
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
Поскапување на горивата за еден денар
Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.