МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Македонија
Столтенберг: Ова ви е „Once in a lifetime" шанса

Столтенберг: Ова ви е „Once in a lifetime" шанса

среда, 11 јули 2018, 19:33ч.   |   Z.H.

 НАТО ја покани Македонија да почне преговори за членство. Влезот е гарантиран откако ќе се комплетира договорот за името со Грција.

“Ова ви е “once in a lifetime chance. Изборот е на граѓаните. Или ќе го спроведете Договорот и ќе влезете во НАТО или нема. Ваше е да изберете.  Вратите на НАТО се отворени. Вие треба да изберете”. Ова беа зборовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како одговор на прашањето на новинар од Македонија околу тоа како ја цени ситуацијата во Македонија што мнозинството граѓани  ги поддржуваат евроатлантските интеграции на земјата, но добар дел не се согласуваат со промена на името како предуслов за влез во НАТО и ЕУ. 
 
На денешниот Самит на НАТО во Брисел,  Македонија доби покана да почне преговори за членство, а како што кажа Столтенберг на прес конференцијата,  земјава  ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.
Во моментов, додека се одвива пресот на Столтенберг, македонскиот премиер Зоран Заев на конференцијата NATO Engaged одговара на прашања на присутните. Новинарка од Србија штотуку упати честитки за храброста и визијата на македонската влада во процесот на решавање на спорот со Грција и приближувањето на Македонија кон евроатлантските структури. “Овој пример треба да го следи и Србија во решавања на проблемот околу Косово“, истакна таа.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.