МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Македонија
Џафери: Уште ги чекам партиите да се усогласат за ДИК

Џафери: Уште ги чекам партиите да се усогласат за ДИК

среда, 11 јули 2018, 20:12ч.   |   Xh.I.

По НАТО Самитот во Брисел премиерот Заев  во интервју за грчката агенција АНА МПА, најави меѓупартиска средба во Собранието, на која ќе бидат утврдени деталите за референдумот за името,  датумот и прашањето.  Во интервју за ББС, премиерот е оптимист и  верува оти над 70 проценти од граѓаните ќе го поддржат  референдумот.

,,Да многу сум убеден. “

-Но како може да бидете, се уште не се гласало.

-На пример анкетите покажуваат дека повеќе од 75% од нашите граѓани се поддржувачи на НАТО и ЕУ. Повеќе од 70 % од нашите граѓани веруваат дека ова прашање требаше да се реши подоцна или сега е добар момент или повеќе од 75 проценти ќе излезат на референдум и ќе гласаат.

Собранискиот спикер Џафери  идеата на Заев за средба меѓу партиите во парламентот е прифатлива. Ги повика и власта и опозицијата  да го почитуваат договореното во изборниот законик и што поскоро да ја изберат Државната изборна комисија  која треба да го спроведе референдумот.

,,Го изменија изборниот законик  и таму има пракса дик да се гласа со 2.3 мнозинство  инструментите други што значи тоа ако некој се реши тоа да го блокира, но што ако тоа не го почитува, обврска на пол. партии е она што го бараа како пол. партии...

,,Не е прорблем на Собранието одговрноста е на пол. партии бидејќи нема институција која е одговорна пред граѓантие и пред институцитие на држава да ги спроведе постапките , рече Џафери...

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега не добиле  покана за Собраниска средба. Додаваат дека апсурдно е да коментираат изјави на Заев кои од час во час се менуваат.

Неодамна за национална телевизија ЕРТ 1, Заев рече дека  референдумско прашање - ќе се бара меѓу -

- „Дали сте за Европската Унија и за НАТО и за поддршка на договорот со Грција?“, 

или „Дали сте за Европската унија и НАТО поддржувајќи го името Република Северна Македонија?.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.