Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Мицотакис: Ципрас и Каменос го предаваат најсилното преговарачко оружје

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Македонија

Мицотакис: Ципрас и Каменос го предаваат најсилното преговарачко оружје
20180110152844.jpg

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис вели дека премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбрана, Панос Каменос, пред три седмици во Преспа признаа македонска националност и јазик за Скопје, a денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО.

Рече дека коалициските партнери во Владата носат тешка одговорност и „народот наскоро ќе им суди“.

Во изјавата посветена на самитот на НАТО, тој  упатува остри критики и обвинувања до Владата на Ципрас и Каменос во однос на поканата за Македонија за членство во Северно атлантската алијанса.

 „Денес во Брисел, господата Ципрас и Каменос на соседната држава Скопје и ја отвораат вратата за интеграција во НАТО. Така, го предаваат најсилното преговарачко оружје што го имаше Грција и беше национална линија во последните 27 години“ – вели Мицотакис.

Мицотакис ги обвинува Ципрас и Каменос дека пред три седмици во Преспа ги признале наводните македонска националност и јазик за Скопје и покрај апсолутната спротивставеност на граѓаните.

 11.07.2018, 16:08  | Xh.I. | 27

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

17117
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.