МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ЕУ бара Унгарија да објасни зошто Груевски доби азил
Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји
Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може д..
Димитров: Парадокс е земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик
Економија
Николовски: Системите за наводнување со години запоставувани

Николовски: Системите за наводнување со години запоставувани

недела, 01 јули 2018, 11:06ч.   |   Xh.I.

Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделското производство и намалување на квалитетот. Оваа година ќе исплатиме 12 милиони евра за водоснабдувањето, а следува и сеопфатна реорганизација, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Не знам како може да бидат до толку запоставени системите за наводнување и воопшто државата да не инвестира, да не ги реконструира и не се насочи кон изградба на нови системи. Она што ние го потенциравме и што го ветивме пред граѓаните и е дел од нашата владина програма, е дека десет милиони евра годишно ќе даваме за системите за наводнување. Оваа година, само преку Програмата за рурален развој, ќе исплатиме 12 милиони евра кои се наменети за делот за водоснабдувањето, навеудва Николовски.

Започнуваме, дополнува, крупна реформа за реорганизација и трансформација на А.Д Водостопанство и се трудевме во оваа година да ги санираме сите проблеми кои ги имаме на терен. Имавме блокади, опструкции, нефункционални системи токму во екот на земјоделското производство. Тоа доведе до намалување на производството и намален квалитет на производството, посочува министерот.

Како што појаснува, пред два дена е претставена аналзиата која на почетокот на мандатот ја побарале од Делегацијата на Европската унија за влијанието на субвенциите на целокупниот развој, која ги покажала слабостите.

Анализата ќе биде предмет на опсежна работа во рамки на Министерството и институциите и покажува дека всушност нашиот систем не е компатибилен со политиките за земјоделство на ЕУ, потенцира министерот за земјоделство.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Бензините поевтинуваат за 4 и 4,5 денари
Поскапуваат бензините и дизелот
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
Поскапување на горивата за еден денар
Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.