МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Македонија
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување

вторник, 10 јули 2018, 14:36ч.   |   Xh.I.

Политичките партии во Собранието треба да се усогласат за неопходните постапки за успешен избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), изјави на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за избори и именување, Илија Димовски.

Димовски рече дека во процедурата за избор на ДИК постојат три ситуации каде што треба политичка согласност, бидејќи, според него, се работи за комплицирана постапка која парламентарните групи во Собранието треба успешно да се завршат.

„Покрај оние фази за донесување на одлука за објавување на конкурс што се завршени, следуваат неколку фази што треба внимателно да се спроведат. Првата фаза е утврдување на прочистена листа на кандидати, односно апликанти кои ги исполнуваат условите. Тоа треба да го напреави Комисијата за прашања за изборите и именувањата која, како што знаете, е раководена од страна на опозицијата, но има и комплицирано мнозинство, а тоа се шест члена на ВМРО -ДПМНЕ, шест члена на СДСМ и еден пратеник на БЕСА на Билал Касами“, изјави Димовски.

Тој објасни дека потоа листата треба да се прати кај претседателот на Собранието, Талат Џафери и да ги замоли партиите да достават предлози од утврдените кандидати, а после тоа следува усогласување на партиите. Таквите предлози се доставуваат до Комисијата за прашања и именувања која, пак, од предлозите оформува конечна предлог одлука и ја доставува до Собранието, по што Џафери свикува седница.

„Собранието треба да го гласа со двотретинско мнозинство, а тоа е трет пат каде што се бара усогласување на политичките партии. Доколку нема усогласеност, а Комисијата свика седница, таа постапка ќе биде осудена на неуспех“, рече Димовски.

Тој додаде дека има и други варијанти каде што претседателот Џафери може да го прескокне него и сам да ја свика Комијсата, но тоа е комплицирано, бидејќи нема мнозинство во Комисијата. 

Во однос на барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за амнестија на осудените од настаните од 27 април во Собранието на РМ, Димовски вели  дека тоа не е условот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека таа постапка не е поврзана за постапката за формирање на ДИК.
 

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.