МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики
Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НА..
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Xроника
Запленети 50 килограми марихуана (ВИДЕО)

Запленети 50 килограми марихуана (ВИДЕО)

вторник, 10 јули 2018, 13:28ч.   |   Z.H.

 Секторот за внатрешни работи Струмица до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава, против К.К (26) од с.Селемли, општина Богданци и Д.Т (33) од с.Владевци, општина Василево, како и против уште едно, засега непознато лице, поради постоење основано сомневање дека пријавените го сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Од МВР известуваат дека преземени биле координирани активности и мерки за расчистување на случајот. Вчера во раните утрински часови, околу 03,30 часот на локација од патниот правец Струмица- с. Добрашинци, затекнат е второпријавениот Д.Т. при што кај истиот од страна на полициски службеници биле пронајдени околу 50 килограми опојна дрога марихуана, која што тој претходно ја примил од првопријавениот К.К. По ова Д.Т. е лишен од слобода и приведен во полициска станица.
 
Истовремено, од превземените мерки и активности утврдено е дека дрогата била доставена од Скопје, од засега непознато лице кое што управувало патничко моторно возило со чешки регистарски таблички.
 
Во моментов од страна на СВР-Струмица се преземаат дополнителни и интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на првоосомничениот К.К., како и на идентификување на непознатото лице, возач на возилото, коешто, пак, е веќе пронајдено во Кратово и предадено за крим-техничка обработка.

© ЖУРНАЛ    ~67,23

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
ВИДЕО: Страотни снимки од БМВ-то кое удри во столб под стоковна куќа „Мост
Возило удри во жена на „Партизанска“
23-годишно момче пронајдено мртво во хотел кај Качанички пат
Ограбена обложувачница во Маџари, вработената го испланирала грабежот
Четири лица уапсени на аеродромот во Охрид
Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.