Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Во Штип пијан возач удрил во тезга, па дошло до тепачка

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Црна хроника

Во Штип пијан возач удрил во тезга, па дошло до тепачка
tepacka-1.jpg

 Пијан возач вчера во Штип удрил во тезга по што дошло до тепачка меѓу предизвикувачот на соообраќајката и двајцата негови сопатници со тезгаџијата и негови двајца роднини.

 
Како што соопшти МВР, сообраќајката била пријавена вчера во 19 часот, а се случила на крстосницата од улиците „Мирче Ацев“ и „Вита Поп Јорданова“ кога 26-годишниот возач под дејство на алкохол најпрвин удрил во тезга за продажба на производи, а потоа и во две паркирани возила по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем.
 
– Имено дошло до тепачка помеѓу предизвикувачот на сообраќајната незгода и двајцата сопатници од неговото возило од една и сопственикот на тезгата и негови двајца роднини од друга страна кои во меѓувреме пристигнале на негов повик. Околу 19.10 часот заради  воспоставување на јавниот ред и мир и контрола над учесниците во тепачката кои се оглушувале на дадените усни наредби да престанат со дејствијата, од страна на полициски службеник од службениот пиштол бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух, наведуваат од МВР. 
 08.06.2018, 12:20  | Z.H. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3208
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.