Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Концептот “Живот за сите” низ призма на обичниот граѓанин после една година!

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Колумна

Концептот “Живот за сите” низ призма на обичниот граѓанин после една година!
34667214_10156354721373808_2653785108795883520_n.jpg
ДЕНИЗ МЕМЕДИ


Drugi kolumni

Пишува ДЕНИЗ МЕМЕДИ

Пулените на сегашната власт преку  “грамофоните ” со нивниот силен глас кажаа ДОСТА на една деценија на загушување на слободата, правдата, демократијата и време за проспоритетот, развојот, правдата ….. соживотот. Вистината е тоа дека народот вдиша после промената на играчите кои долго време донесуваа одлуки. Десетгодишната “стара генерација на одлучувачи” на државната судбина, последниот период од толкавата моќ почнаа да се бораат и со ветерниците на Дон Кихот од Мигел Сервантес.

Вистина е дека после една година обичниот граѓанин чувстува слобода, чувствува релаксирање на односите помеѓу самите луѓе. Чувствува дека односите на државата со соседите од ден на ден се повеќе и повеќе се подобруваат. На прагот сме можеби и на решавање на најболниот проблем што го влечкаме веќе 30 години со јужниот сосед. Се укина радио-дифузната такса, се врати евтината тарифа за струја. Меѓутоа до тука. Обичниот ѓраѓанин во тек на една година, од концептот “живот за сите” претрпува скоро секој ден покачување на цените од дериватите што по спирала покачи цени на прехранбените производи и сет други покачувања па се до покачување на паркинзите. “Живот за сите” во суштина ги промени само ’стручњаците’ на донесување одлуки каде што сегашните ‘стручњаци‘ ги вработуваат нивните најтрудни играчи што фрлеа канонади на бои во протестите за ‘живот за сите” демек. Од концептот ‘живот за сите‘ обичниот граѓанин не очекуваше војска на советници, надворешни соработници, локални координатори, 7 министри без ресор заедно со додатни членови на нивните кабинети. Прекројување на овој dream team можеби би придонело на финансирање на некој корисен проект каде што граѓаните би ги исполниле нивните потреби. Од концептот ‘живот за сите‘ ни на крај памет не се очекуваше какофонија на сојузништва за дополнување на гласови во парламентот, со главната цел, да се има повеќе од 61 глас. На докажаните ПАРАЗИТИ во скоро 30 годишниот политички историјат на оваа држава, носителите на концептот  ‘живот за сите‘ практично им ги отворија широко рацете за да се ‘поправат‘ и конечно да им ‘‘служаат‘‘ на оваа држава и на обичниот граѓанин. Спротивно од ПАРАЗИТИТЕ тие што се бореа рамо до рамо со носителите на концептот ‘живот за сите‘ каде што со крв ја бранеа слободата, правдата, демократија беа пуштени низ вода. Но тука мора да се признае дека сите кој политиката ја гледаат со љеќите на реалноста признаваат дека овој занает е суров. За волја на вистината носителите на концептот ‘живот за сите‘ удараа силно во нивните гради дека правдата ке дојде на свое место, дека криминалците од децениското владеење ќе бидат зад решетки, дека нема да има пардон кон никого. Меѓутоа изгледа работите не развиваат баш така. За сојузниците на ‘живот за сите‘ има волја за да се затвараат очите и да вреди ‘оче наш прости ни ги гревовите‘.

Попис на населението нема да има за скоро време меѓутоа не знаеме дали од ‘живот за сите‘ имаат правено некаква математика од кога тие се на фотељата колку имаат бегано мозоците и младата популација од оваа држава. Ветувањата дека финансискиот статус на оваа категорија на луѓе ќе се поправи може да стане реалност кога од оваа категорија нема да биде присутен никој тука. И на крај барем за првата година ‘едно општество‘ изгледа како да е утопија. Од лична перспектива очекував лидерот на ‘живот за сите‘ односно сегашниот премиер да земе сила и да ги посети населениата каде што 30 години не се посетени од државнички врв, претседател или премиер на државата. Поконкретно зборот ми е за општина Липково. Бидејќи за скоро време ќе се отвори граничен нов премин помеѓу Косово и Македонија токму низ овој регион, би го советувал премиерот  од мојот роден крај Куманово се до Липково да оди со службено возило и по можност да ги брои ‘јамите‘ од патот што ќе ги вржува дветe држави.

 07.06.2018, 13:12  | Xh.I. | 99

 

© ZURNAL.mk

 Колумна 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3646
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.