МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Ружин: Реакциите од Бугарија служат само за собирање политички поени
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка од Димитров и Спасовски
Заев: Во наредниот период нема да има општ закон за амнестија
Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг
Колумни
Да, Заев е цунами!

Да, Заев е цунами!

понеделник, 25 јуни 2018, 12:24ч.   |   Xh.I.

Пишува МЕРСЕЛ БИЛАЛИ

Сиромашно сирaче дете, видно огладнето, свратилодо една куќа за да побара што и да е за јадење. Но, штом на вратата се појавила жена со жесток поглед, тоа се уплашило и побарало само чаша вода. Но, жената приметила дека детето е многу гладно, па наместо вода му донесла голема чаша со млеко. „Жалам, ама немам со што да ви платам“ срамежливо прговорило сиротото дете. „Нама потреба, мајката не подучила дека добрините не треба да се наплаќаат„- одговорила жената.

После многу години, младата жена тешко се разболела. Никаков лек не и помогнал. Па морале да ја однесат во главната трансилваниска болнице кај познатиот доктор Howard Kelly. Тој со екипата го направил невозможното и ја спасил жената. Но, жената сега знаела дека доживотно ќе треба да работи за да ги покрие огромните болнички трошоци. Кога и ја донеле сметката, на ќошот на хартиајта пишувало – „платено со полна чаша млеко“. Тажните солзи станале солзи радосници.

Оваа тажно-среќна приказна ме потсеќа на нашиот актуелен политички амбиент кога на ептен сирота и сиромашна држава и е потребна чаша млеко, а некои упорно настојуваат животот да го третираат како нешто што е полошо од смртта. Не убедуваат дека првин треба повеќе пати да умреме за потоа да поживееме. Едните помагаат, а други настојуваат сирачето да го навредуваат и понижуваат. Со кратки умови и долги ножеви сакаат да не убедат дека е гордост при бистра вода да се умира од жед. Нели самите „детето“ го доведоа до гревота. Му го уништија животниот сон, за да создадат нивен живот од соништата. И сега наместо капка од вистина, ни нудат река од лаги.

Договорот од агол на интересите на државата е над максимално очекуваното. Се отстапува една компонента, а се добиваат три. Отстапка за географската одредница (Северна), а се добиваат три (Македонија, јазик, нација). И најголемите оптимисти не го очекувале тоа. Грижата за малцинството и да не постои во Уставот, е начело на меѓународното право.

И Албанија е пред договор со Грција. Мора да отстапува – 12 миљи море (околу 20 километри); да ги авансира правата на грчката заедница во Албанија; да премолчува за Чамите (масовно протерани и одземени имоти). А Грција треба само да го укине Законот за воена состојба и да помогне во интегрирањето!!!

Денес, повеќе од кога и да е, државата во улогата на детето има потреба од сите нас. Таа е изнапатена, малтретирана, ограбена, газена и бара помош. Тоа некој упорно го одбива. Изгледа се уште за вмровското ткиво, и најдобриот лек се третира како отров. Го навикна членството да живее во страв и омразата. И велат Заев е цунами ! Да, цунами е во кршењето метафизички табуа. Цунами е во уривањето ѕидови и градење мостови. Цунами оти сака да избрише солза од сечие око. Цунами оти од светските „непријатели“ направи најголеми помагачи. Дури и од самите Грци. Софија и Атина како повеќегодишни кочничари стана главни агитатори за ЕУ и НАТО.

Бараат резултати, а направиле пустош .Од три реномирани меѓународни извори се потврди дека за единаесет години владеење беа исчезнати над пет милијарди долари (Global Financial Integrity)! Економијата беше доведена во друштво на 10 најслаби економии на светот. Europe’s Health Care Services, ја рангирала државата, во листата од 1 до 40, на последното 40 место по квалитетот на здравствените услуги. А соседни држави кои пред десетина години беа многу зад нас, лани скокаа – Албанија на 17 место, Бугарија на 24 место, Србија на 30 место (оваа последната 10 години војувала).

Во 2015 година умреле над две илјади лица повеќе отколку во 2004 година. Значи ептен ефикасно работеле нивните лопати. Елитна куќа „Репортери без граници“ не рангираше на 123 место заедно со Афганистан, аосум години пред тоа бевме на 34 место заедно со Велика Британија, Словенија и Шпанија.

Рака на срце, шефот на опозицијата со мала група далековиди, знаат точно што во моментот е општ интерес, ама бројни неуки членови тоа го доживуваат како скокање без падобран. Но, да са гради егзистенцијална државна политика врз такво мнение е полошо од вистинско скокање без падобран. Оти тие што не знаат брзо заборават, но тие што знаат доживотно памтат. Затоа новото водство на ВМРО не треба многу да биде загрижено заради првите, туку ептен загрижено заради вторите. Тие можеби нешто и ќе загубат, но долгорочно за иднината обезбедуваат добивка. А ако Иванов преферира таков скок, тоа и не е некое големо чудо, ниту грев.

Претседателот на државата избрал кон носечкиот столб на својата држава да се однесува како диверзант.Спогодбата ја нарекол дивоградба, а самиот сѝ е уникатен екземплар за класична дивоградба. На диво станал претседател – чисто дивоградба. На диво молчел за општиот грабеж. На диво помилувал политички гусари. На диво давал или недавел мандати. На диво нѐ потпишува закони. На диво го крши Уставот. Сега на диво сака со кремлинско сценарио да попречи правда и враќање на парите. И затоа продолжува лагите на злосторничкото здружение да ги продава како национална гордост. Но, ретко кој верува на човек кој само по грешка ја зборува вистината.
Не е далеку времето кога доктор Howard Kelly ќе ни се потпише на ќошот – „Платено со полна чаша млеко“. Оти целиот живот е компромис меѓу идеалното и можното. Надвор од тоа е како да јавата бесен коњ наопаку.

© ЖУРНАЛ    ~187,65

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?
Признале или не, Митко Јанчев ни одржа лекција!
Рибата Ванда исплива на површина
Зошто во тоа колено?
Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри
Проблематичен до крај
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.