МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Македонија
Чижов вели дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици“

Чижов вели дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици“

недела, 24 јуни 2018, 13:35ч.   |   Z.H.

 Решението на спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе придонесе за стабилноста, но приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици”, вели постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини”,  пренесува Спутњик. 

 
„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби. Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки. Има грешки кои имаат последици”- изјавил Чижов. 
 
Тој го коментира и Договорот за името меѓу Македонија и Грција. 
 
Но, не сака да го коментира уставниот процес во врска со промената на името на Македонија и додава дека се надева дека спорот за името ќе се реши на билатерално ниво, без мешање однадвор. 
 
„Според мене, ова прашање требаше одамна да се реши за да може двете земји да имаат добри соседски односи и соработка. А, за суштината на договорот, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, со оглед дека знаеме за реакциите во двете земји”- вели Чижов. 
 
Русија вели не се спротивставува на проширувањето на ЕУ затоа што секоја земја право да носи свои одлуки, но има малку поинаков став за НАТО. 

© ЖУРНАЛ    ~82,28

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.