Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја закочи македонската иднина, порача СДСМ

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја закочи македонската иднина, порача СДСМ
sdsm_34.jpg

 Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се пронајдоа во прес – конференцијата на СДСМ во делот на изолацијата и стагнацијата и затоа се најдоа повикани да „одговорат“ пред граѓаните. Но, реално опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори, туку може да учи како се води одговорна меѓународна политика и што значи државотворно делување, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференциите на Наум Стоилковски и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

 
Според владејачката партија, владеењето на ВМРО-ДПМНЕ значеше 11 години стагнација на државата. 11 години криминал и сиромаштија, 11 години изолација, поделби, насилство, конфронтации и на домашен и на меѓународен план.
 
„За разлика од таквото антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година Владата предводена од СДСМ ја стабилизираше државата и ја врати на вистинскиот пат. Од заробена и изолирана, Македонија денес е почтиувана држава – земја пријател на региониот и демократскиот свет. Македонија оди напред како модерна демократска европска држава. Постигнатиот договор за спорот со Грција наиде на честитки од целиот демократски свет, затоа што го зајакнува идентитетот и достоинството, а истовремено го отвора патот кон членство во ЕУ и НАТО што е врвен национален интерес“, велат од СДСМ.
 
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја кочи македонската иднина. На референдум, согласно законските прописи, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и одлучно ќе кажат ДА за зајакнат македонски индентитет, ДА за интеграција во НАТО и ЕУ, одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.
 23.06.2018, 19:21  | Z.H. | 52

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5044
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.