МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Македонија
Позитивни пораки за Македонија од ЕУ и НАТО

Позитивни пораки за Македонија од ЕУ и НАТО

сабота, 23 јуни 2018, 14:10ч.   |   Z.H.

 По потпишувањето и ратификацијата на Договорот за решавање на спорот за името и најавата за доставување писма од Грција до ЕУ и НАТО стануваат реални очекувањата дека Република Македонија следната недела ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а во јули и покана за членство во НАТО.

 
Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, упати писмо со честитки до премиерот Заев во кое оценува дека спогодбата за македонско-грчкиот спор за името го отвора патот за историски договор, и воeдно наведува дека Берлин со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи.
 
Германската Влада, пак, препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела.
 
- Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана, се наведува во писмото што го пренесе Дојче веле на македонски јазик во кое се наведуваат и областите каде се потребни видлив реформски напредок.
 
Во меѓувреме и Холандскиот Парламент одлучи да даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија.  Премиерот Зоран Заев очекува дека по демонстрираниот, како што вели, европски манир од македонска страна, поддршка за пристапни преговори ќе стигне од сите земји - членки на ЕУ па и од Франција, која зедно со Холандија важат за силни противници на проширувањето со инсистирање прво да се спроведат реформи во самата Унија.
 
-  Реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема - изјави Заев.
 

© ЖУРНАЛ    ~62,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.