Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Нобеловецот Мурад со Заев: Светот веќе зборува позитивно за Република Македонија

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Македонија

Нобеловецот Мурад со Заев: Светот веќе зборува позитивно за Република Македонија
mkd-380244.jpg

 Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со добитникот на нобеловата награда за физиологија и медицина, Ферид Мурад. На средбата се разговарало за визиите на Владата за мултиетничко општество-едно општество за сите, за реформските процеси, обновените добрососедски односи со соседните држави, како и за евроатлантските аспирации на Македонија

„На ова, професорот Мурад рече дека светот веќе зборува позитивно за Република Македонија и укажа дека остварувањето на евроатлантските интеграции на земјата ќе ѝ донесе перспектива и инвестиции, неопходни за создавање нови можности за подобра иднина за младите и ќе ги привлечат иселените да се вратат и да делуваат во својата земја“, соопшти владината прес-служба.
 
Нобеловецот Мурад, во текот на средбата, на Заев му предочил конструктивни предлози за подобрување на образовниот и здравствениот систем, како и отворањето на научно-истражувачки центри, споделувајќи лични искуства од САД и од повеќе земји во светот, каде што тој работел, се усовршувал и кадешто веќе долги години е професор на повеќе универзитети.
 
Ферид Мурад е светски признат лекар и фармацевт, добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина во 1998 година. Води потекло од гостиварското село Лакавица, токму заради оваа врска и гостиварската болница го носи неговото име. Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија.
 23.06.2018, 12:50  | Z.H. | 54

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

16935
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.