МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Протестите против договорот за промена на името продолжуваат и вечерва

Протестите против договорот за промена на името продолжуваат и вечерва

петок, 22 јуни 2018, 09:31ч.   |   Xh.I.

Група граѓани и синоќа одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против договорот за спорот со името. Тиа најавија дека и денеска ќе продолжат со протестите.

Насобраните граѓани синоќа ја повторија поддршката за претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот, што беше донесен во средата.

За нив договорот е штетен и спротивен на македонските државни интереси. Тие повикуваат на најавениот референдум договорот за спорот за името да биде отфрлен.

Претставници на граѓаните кои повеќе денови протестираат очекуваат да бидат примени од претседателот на државата. Тие синоќа биле информирани од обезбедувањето на претседателот, дека според протоколот, средба ќе биде дополнително закажана и оти потоа ќе бидат повикани, но очекуваат тоа да се случи во следните денови.

Граѓаните носеа македонски знамиња и пееја македонски песни.

Протест е најавен и за утревечер, а повикот за утрешниот протест доаѓа од здружението Млади за Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~115,39

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.