МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници

петок, 22 јуни 2018, 14:30ч.   |   Xh.I.

Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт  поврзан со настаните од 27 април 2017 год. кои се случија во Собранието, го одобри обвинителниот акт во целост, соопштија од Кривичниот суд.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и тој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, ќе биде закажан термин за глава расправа.

Со обвинението опфатени се 30 лица од кои од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се и петмина пратеници и поранешниот  министер за внатрешни Митко Чавков на кој ќе им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните од 27 април.

Според Обвинителството, обезбедени се докази дека обвинетите извршувале повеќе усогласени дејства за насилство, влегување и вршење насилство во Собранието, од различни позиции и во содејство и координација да се оневозможи понатамошно функционирање на парламентарното мнозинство и на Собранието на РМ.

Но, засега не е посочено кој е нарачателот на насилствата што се случија на крвавиот четврток, кога според Обвинителството имало и обид за убиство на Заев.

Обвинителството паралелно води истрага, кој го направил клучниот повик од Виена, по кој толпата упадна во Собранието за време на изборот на Талат Џафери за претседател.

© ЖУРНАЛ    ~176,62

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.