МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Македонија
Иванов нема потреба од владините алатки и смета дека веќе постојат ефикасни механизми за отчетност

Иванов нема потреба од владините алатки и смета дека веќе постојат ефикасни механизми за отчетност

петок, 22 јуни 2018, 11:34ч.   |   Xh.I.

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираа на владиното соопштение во кое се вели дека досега Владата не добила повратен одговор од него дали ја прифаќа или не можноста на отворен начин, преку Алатката за отчетност, да им покаже на граѓаните како ги троши нивните пари.

Оттаму велат дека со оглед на тоа што постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции, Кабинетот на Претседателот нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.

„Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства. Во таа насока, потенцираме дека сите јавни набавки од страна на Кабинетот на Претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи и истите се јавно достапни“, стои во соопштението на претседателскиот кабинет.

Додаваат дека овој податок го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.

„Со цел објективно информирање на јавноста, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, целосно стои на располагање за било какви информации кои се однесуваат на финансиското работење и трошењето на народните пари за службени потреби“, се наведува во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~96,32

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.