МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Тимоние: Макрон ќе каже за Македонија

Тимоние: Макрон ќе каже за Македонија

петок, 22 јуни 2018, 11:33ч.   |   Xh.I.

Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во Скопје, за МКД изјави дека претседателот Емануел Макрон ќе го соопшти конечниот став за тоа дали Македонија заслужува да добие датум за преговори од Европската унија.

Од фанцуската амбасада во Скопје кусо коментираат дека разговорите се во тек.

„Разговорите се во тек во Брисел, а конечниот став на Франција ќе го објави францускиот претседател Емануел Макрон за време на Советот на ЕУ на 29 јуни“, изјави кусо амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние за МКД.мк.

Според информациите што ги објави МИА, во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите.

Париз, наводно прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни, став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името

Од друга страна, голем број земји членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската Комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.

© ЖУРНАЛ    ~117,39

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.