МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Регион
Коѕијас блиску до договор и со албанскиот колега Бушати

Коѕијас блиску до договор и со албанскиот колега Бушати

петок, 22 јуни 2018, 14:56ч.   |   Z.H.

 шефовите на албанската и на грчката дипломатија, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас се пред усогласување на конечниот текст на договорот за надминување на отворените прашања меѓу двете земји.

Според албанските медиуми, Бушати и Коѕијас,тоа ќе го направат на островот Родос, на маргините на одржувањето на Конференцијата за регионална безбедност и стабилност.
 
-Во текстот на договорот,како што објавуваат грчки медиуми, опфатно е прашањето за морската граница меѓу двете земји, укинувањето на законот за воена состојба,правата на грчкото малцинство во Албанија, но нема ни збор за прашањето на Чамите(протерани Албанци од северниот дел на Грција), наведуваат албанските медиуми.
 
Доколку се оди според планот, премиерите Алексис Ципрас и Еди Рама треба да се сретнат пред Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 28 и 29 јуни.
 
Министерот Бушати претходно изјави дека Грција не поставува никакви услови договорот да се потпише пред 28 јуни.
 
Имајќи ги предвид позитивните одгласи во грчките медиуми и оптимизмот на Коѕијас, со договорот Албанија и отстапува на Грција 12 милји од своите територијални води на Јонско Море, на чие дно има големи резерви на нафта и гас.Грција пак ќе го поништи законот за воена состојба донесен пред седумдесеттина години.Што се однесува до прашањето за Чамите, грчките претставници секогаш изјавуваат дека тоа прашање за нив не постои

© ЖУРНАЛ    ~106,36

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Нова порно афера ја тресе Србија: Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.