Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Неизвесна судбината на спогодбата - ќе падне ли владата на Грција?

Шекеринска за "Different": Македонија се извлече од Балканската кал, граѓаните немат ..
Ангелов: Саздо не го убија Албанци, го убија три свирепи, злобни и сурови лица
Димовски: За избор на ДИК треба политичко усогласување
Алијансата за Албанците со решенија за спречување на лекарите да ја напуштаат држават..

Регион

Неизвесна судбината на спогодбата - ќе падне ли владата на Грција?
2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f339199.jpg

 Од Атина стигна абер дека станува  се понеизвесна судбината на спогодбата и тоа токму од коалицискиот партнер на Сириза – “Независни Грци”.

Првиот човек на „Независни Грци“ Каменос  му упати ултиматум на Ципрас - или ратификување на спогодбата  со  проширено мнозинство од 180 пратеници, од вкупно 300 колку што ги има, наместо просто од 151 пратеник, или владата ќе падне.
 
По лидерот на „Независни Грци“ Панос Каменос и  министерот за сообраќај и врски од истите редови,  Мавраганис, тврди дека „потписот на Коѕијас на нацрт договорот нема никаква правна вредност“.
 
„Прво правната вредност на овој потпис е минимална па дури и ја нема. Второ, важно е дали парламентот ќе го ратификува. Трето, баравме 180 пратеници. Ако не дојдеме до 180, владата ќе падне. Ние ќе се повлечеме од владата“, рекол Мавраганис.
 
Тој смета дека, ако главната опозициска партија „Нова демократија“ не сака да се изјасни во парламентот за договорот со Скопје, на Грција и претстојат нови избори.
 
Опозициската - Нова демократија веќе се изјасни - какво мнозинство и да одбере владата, нема да гласа за ратификација на договорот
 22.06.2018, 11:54  | Z.H. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

16801
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.