МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Иванов го игнорира писмото од Влада и одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци

Иванов го игнорира писмото од Влада и одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци

петок, 22 јуни 2018, 10:01ч.   |   Xh.I.

Претседателот Ѓорѓе Иванов не одговори на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци, соопшти владината прес-служба.

– Се уште нема одговор од претседателот Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог и  Канцеларијата на претседателот да ја прифати Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење. Во духот на определбата за транспарентност и отчетност во работењето на државните институции и избраните функционери, Владата го повика претседателот на РМ да ги стави на увид на јавноста информациите и податоците за трошењето на парите на граѓаните, се вели во соопштението.

Во писмото, испратено на 29 мај, министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, го информирал претседателот Иванов дека Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење им е достапна на сите избрани функционери кои се подготвени да ги стават во секој момент на увид на граѓаните информациите и податоците за трошењето на нивните пари.

Во писмото Владата го информира претседателот Иванов, дека преку Алатката за отчетност, пред граѓаните на досега се објавени трошоците на премиерот, на министрите и на замениците на министрите, на државните секретари и на генералниот секретар на Владата.

Владата ги задолжи и директорите и замениците директори на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на министерствата и на Инспекцискиот совет, а им укажа и на директорите на јавните претпријатија, на агенциите и на акционерските друштва во сопственост на државата, да ги објавуваат службените трошоци.

Понатаму, Владата на Република Македонија го информира претседателот Иванов дека Алатката за одговорно владеење им беше предложена и на градоначалниците на општините, кои, во меѓувреме, со одлука на Управниот одбор на ЗЕЛС добија препорака да започнат да ја применуваат оваа Алатката и да ги објавуваат трошоците на носителите на јавни функции на своите веб страници.

– Оваа одлука добива уште поголемо значење ако се земе предвид фактот дека локалната власт во Република Македонија е целосно независна во креирањето на своите политики и затоа прифаќањето на оваа препорака говори за високата свест и на претставниците на локалната самоуправа за значењето на транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и на ниво на единиците на локалната самоуправа, се вели во соопштението од владината прес-служба.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.