МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Регион
Баша:Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата

Баша:Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата

четврток, 21 јуни 2018, 15:37ч.   |   Z.H.

 Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека премиерот Еди Рама „си става сам вето за да донесе 600 илјади Сиријци во Албанија“ со надеж дека Европа ќе заборави на дрогата.

- Ги зема Сиријците за Европа да ја заборави дрогата и корупцијата на неговата влада. Албанија не ги исполни бараните задолженија од ЕУ и нема што да очекува на Самиот на ЕУ на 28 јуни.Германија,која се сметаше наш најголем поддржувач веќе ни го сври грбот,  обвини Баша од собраниската говорница.
 
Инкау, изјавата на заменик министерот за внатрешни работи на Албанија,Јулиан Ходај, дадена за германската телевизија ZDF,во врска со капацитетите на Албанија за прифаќање на емигранти,стана главна тема во медиумите, а остра дебата имаше и во парламентарната комисија за национална бебедност,кога опозицијата ја обвини владата дека „во земјата носи 600 илјади сириски бегалци“.
 
- Во прв ред Албанија ќе се претвори во место каде што ќе се соберат терористите. Она што го подготвува Еди Рама е трговија со луѓе. Ќе копнеете да видите албанско мнозинство. Повеќето ќе бидат Сиријци,Пакистанци, Ирачани, Иранци. Албанците ќе станат малцинство. Повеќе нема да има место за Албанците, рече демократскиот пратеник Фламур Нока,поранешен прв албански полицаец..
 
Неговата колешка од Социјалистичката партија, пратеничката Елона Ѓебреја апелираше во никој случај да не се создава паника за ситуација која не постоти и за која Владата јасно се произнела,дека нема да прифати 600 илјади бегалци.
 
Министерството за внатрешни работи во реакцијата наведува дека заменик министерот Хоџај бил изваден од контекст,бидејќи тој не кажал дека ќе бидат прифатени бегалци,туку направил симболика  дека Албанија има капацитет и оти еднаш веќе ја покажала својата хуманост „со прифаќање на стотици илјади косовски бегалци“.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Во Србија ќе се наплаќа патарина и на магистралните патишта
Во декември Ципрас во официјална посета на Москва
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Уапсен поранешен заменик-градоначалник, полово вознемирувал малолетничка
Одлука за косовската војска: Тачи во униформа, а Вучиќ во јужниот дел на Србија
Вучиќ: Јасно е дека силите на КФОР, односно НАТО, намерно нѐ лажеа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.