МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
ИГОР ДУРЛОВСКИ ЈА НАСОЧУВАШЕ ТОЛПАТА ВО СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШУТК..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Регион
Јапонија ги откажа вежбите за евакуација во случај на напад од Северна Кореја

Јапонија ги откажа вежбите за евакуација во случај на напад од Северна Кореја

четврток, 21 јуни 2018, 16:23ч.   |   Z.H.

 Јапонија одлучи да ги суспендира вежбите за евакуацја на цивили чија цел е подготовка за евентуален ракетен напад од Северна Кореја. Вежбите почнаа минатата година кога Северна Кореја тестира лансирање проектили во близина и над јапонските острови, пренесува „Тајм“.

 
Девет вежби за подготовка на јапонските граѓани требаше да се одржат подоцна годинава.
 
Оваа одлука е донесена по неодамнешниот историски самит на претседателот на САД  и лидерот на Северна Кореја кој ги ублажи тензиите, јави агенцијата „Кјодо“. Владиниот Секретаријат за кризен менаџмент посочи дека официјалната најава за прекинот на вежбите се очекува набргу. Неименуван јапонски владин претставник изјави за „Ројтерс“ дека в петок ќе даде изјава во врска со воените вежби.
 
Информацијата за прекинатите вежби излезе вчера кога неименуван официјален претставник во Јаити, во северниот дел на Јапонија, рече дека префектурата Точиги ги известила градските власти дека централната влада одлучила да ги откаже планираните вежби земајќи ја предвид меѓународната ситуација.
 
„Кјодо“ наведе дека уште неколку префектури се исто така известени за одлуката да се прекинат вежбите. Последователно се одложени и вежбите во префектурите Кагава, Токушима, Нигата, тојама и Ишикава.
 
Секретаријат за кризен менаџмент посочи дека вежбите ќе бидат ставени на пауза сè додека тензиите останат со намален интензитет.
 
Минатата година Пјонгјанг лансира два проектила што прелетаа над Јапонија, а ја изведе и шестата нуклеарна проба. Токио својата прва вежба на евакуација ја спроведе во јануари, а помали јапонски градови и села одржаа слична вежба кога Северна Кореја продолжи со развој на своите ракетни и нуклеарни програми за вооружување.
 
Инаку, јапонскиот премиер Шинзо Абе сака да се сретне со Ким за да разговараат за јапонските државјани што севернокорејските агенти ги киднапирале пред повеќе децении. Имено, во 2002 година Северна Кореја призна дека нејзините агенти киднапирале 13 Јапонци во 70-тите и 80-тите. Јапонија, од друга страна, пак, наведе дека 17 државјани се киднапирани, од кои пет се вратени дома. Абе ова прашање го постави како столб на својата политичка кариера и вети дека нема да се смири сè додека сите киднапирани јапонски граѓани не бидат вратени во својата земја.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Уште еден чин во циничната игра за Косово
Гром усмрти момче на плажа кај Сплит
Вучиќ за Ројтерс: Ако потпишеме договор со Приштина, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
Во Бања Лука претепан новинарот Владимир Ковачевиќ
Ердоган: Целиот свет ќе ја плати цената поради Идлиб
Бугарите му забија нож во грб на Брисел
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.