МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија
Груевски може да бара азил по два основа, постапката би траела до 90 дена
ЕПП чека официјална реакција од Унгарија за Груевски
Утре започнува законската обврска за задолжително носење зимска опрема
Регион
Убиена лавица кога побегнала од кафезот во зоолошката градина во Брисел

Убиена лавица кога побегнала од кафезот во зоолошката градина во Брисел

четврток, 21 јуни 2018, 14:52ч.   |   Z.H.

 Лавица е убиена кога избегала од својот кафез во белгиска зоолошка градина. Зоолошката градина „Планкендал“ беше евакуирана по бегството на лавицата. Портпаролката Илсе Сегерс првично изјави дека лавот не избегал од зоолошката градина и дека никој од посетителите не е во опасност.

 
Сепак, медиумите јавуваат дека лавицата еден час се наоѓала на слобода и вработените не можеле да ја фатат и да ја вратат во кафезот. Притоа испуштала застрашувачки звуци поради што на децата што биле во посета на зоолошката не им било дозволено да ги напуштат автобусите.
 
Зоолошката градина подоцна објави преку „Твитер“ дека по два неуспешни обида да се совлада лавицата, таа била застрелана. Тие тврдат дека ниту еден посетител или член на персоналот не бил во опасност за тоа време.
 
Лавицата го напуштила кафезот веднаш по отворањето на зоолошката градина за посетителите. Таа се наоѓа на 30-ина километри северно од главниот град на Белгија, Брисел.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Се појави видео од ликвидацијата на Гркот во кого пукаа албански специјалци
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Младенци од БиХ се испокарале на сред свадба, веднаш покренале развод, еве и зошто
Хорор: Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ пронајдена мртва, вереникот е во кома
Фото: Дунав без вода, во Унгарија прекинат сообраќајот на товарни бродови!?
Харадинај: Косовската војска ќе делува на југ и на север
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.