МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Денес пресуда за двајцата обвинети кои признаа вина за нападот врз Села

Денес пресуда за двајцата обвинети кои признаа вина за нападот врз Села

среда, 13 јуни 2018, 09:25ч.   |   Xh.I.

Основниот суд Скопје 1 денес ќе ја објави одлуката за двајца обвинети за нападот врз Зијадин Села кој беше претепан и тешко повреден лани на 27 април во Собранието на Република Македонија. Обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павловски на минатото рочиште признаа вина откако во судница беше пуштена уште една снимка на која се гледа насилството врз Села.

Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија продолжува на 2 и 5 јули, за кога се закажани завршни зборови.

За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

Застапникот на обвинението Дарко Јакимовски пред судот во завршен збор рече дека со оглед на признанието на вина обвинетите треба да се казнат согласно законот.

„Казната за ова дело е од шест месеци до пет години, што отвора можност за алтернативна санкција. Сметам дека било какво алтернативно казанување ќе значи банализација на делото. Ако вака лесно се влегува во Собранието и се напаѓа, што станува со останатите заштитени објекти. Обвинетите биле свесни, без разлика на поводот, дека ја надминале дозволената граница“, рече обвинителот Јакимовски во завршен збор.

Нагласи дека обвинетите не одговараат само за напад врз Села, туку за целокупните дејствија во Собранието и прес-центарот.

„Предлагам Судот да ги казни и испрати јасна порака дека санкциите се неминовни и строги. Само принципот на казнивост може да ги отстрани сомнежите за повторување на делото“, додаде обвинителот Јакимовски.

Обвинетиот Цејо Георгиевски, во завршен збор, рече дека се кае што влегол во Собранието и дека не сакал никого да повреди.

- Вакво нешто нема да се повтори во иднина, рече Георгиевски.

Обвинетиот Стојан Палевски, во завршен збор, рече дека имал време овие осум месеци во притвор да размисли што направил со неговото влегување во Собранието, без никаква намера да повреди никого.

- Никогаш и во ниеден момент не би го направил истото што го направив тогаш, рече Павлевски.

За еден, од вкупно десет обвинети на кои првично им се судеше за убиство во обид на Села, обвинителот во завршен збор го повлече обвинението поради недоволно докази.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.