МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Македонија
Вартоломеј повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство

Вартоломеј повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство

среда, 13 јуни 2018, 09:24ч.   |   Xh.I.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава порачал дека постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ.

„Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок“, порачал рекол Вартоломеј.

Како што пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, според Вартоломеј Вселенската патријаршија никогаш не останувала настрана во ситуации кои го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство, цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се се радува еден орган, се радуваат сите“.

Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. На ова му претходеа писма упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет.

© ЖУРНАЛ    ~90,30

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.