Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ ЗА СКОПЈЕ И АТИНА: Фала ви што направивте невозможното да стане возможно

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ ЗА СКОПЈЕ И АТИНА: Фала ви што направивте невозможното да стане возможно
20180613084653.jpg

Поздрави и честитки на адреса на Македонија доаѓаат од сите страни во поглед на договорот кој премиерот Заев и неговиот грчки колега Ципрас го соопштија во текот на вчерашниот ден а кој се однесува на деценискиот спор.

Претседателот на Европскиот совет Доланд Туск им честиташе на Твитер на премиерите на Македонија и на Грција за постигнатиот договор.

На социјалната мрежа Твитер се огласи и првиот човек на Европскиот совет Доланд Туск.

Во честитката тој посочува дека двете земји невозможното го направиле возможно.

„Ви благодарам што невозможното го направивте возможно“, пишува во честитката на Туск.

Пофалби за постигнатиот договор дојдоа и од Австрија.

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел употребувајќи го веќе новото име на Македонија напиша дека тоа е  успех на дијалогот и дипломатијата и дека тоа било важен ден за  целиот регион а нејзиниот статус подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Илир Мета, претседателот на Албанија исто така го поздрави договороти кажа дека тоа е историски договор.

„Многу сум радосен за историскиот договор за името на Македонија. Доаѓа во долгоочекуван момент како јасна евро-атлантска перспектива за нашиот регион. Честитки за храброста и одговорноста на политичкото раководство на Грција и на Македонија, што придонесоа за ова важно достигнување“, коментира Мета.

ЕУ и НАТО треба да бидат решителни како што беа Заев и Ципрас

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

- Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во Европската унија и НАТО, изјави Свилановиќ.

Честитајќи им на Заев и на Ципрас, Свилановиќ оцени дека „договорот претставува вистинско охрабрување за целиот регион на Југоисточна Европа, а посебно за Западен Балкан, бидејќи покажува дека и најтешките прашања може да се решат ако за тоа постои решителност и визија за подобра иднина“.

 13.06.2018, 09:23  | Xh.I. | 60

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3387
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.