МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Македонија
Спомениците остануваат таму каде што се, ќе им се ставаат само натписи со појаснување, велат од Владата

Спомениците остануваат таму каде што се, ќе им се ставаат само натписи со појаснување, велат од Владата

среда, 13 јуни 2018, 13:01ч.   |   Xh.I.

По пишувањата во грчките медиуми дека договорот со Грција предвидува размена на споменици со Солун и можно селење на спомениците Воин на коњ и Филип II, од Владата уверуваат дека овие споменици нема да се дислоцираат, туку само дека ќе им се постават натписи со објаснување.

„На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомнениците такви како што се“, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Како што рече тој државните институции, оние кои се финансираат од државата, ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција.

„Тие го прифатија како ние го поимуваме и толкуваме терминот Македонија. Се прави јасна дистинкција што е прифатливо за нас и што е прифатливо за нив. Ние сме Македонци. Официјалното ново име ќе биде преведиено на сите јазици. Македонскиот јазик е утврден во ОН и тој останува таков, нема да постои фуснота во ОН. Во договорот постои член во кој велиме дека македонскиот јазик е дел од јужнословенските јазици. Останува македонскиот јазик“, рече Бошњаковски.

Портпаролот на Владата појасни дека државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес и дека химаната и другите симболи не се менуваат.

Тој информираше дека средбата Заев-Ципрас ќе се одржи викендов.

© ЖУРНАЛ    ~100,34

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.