МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Регион
Кривични пријави за косовските министри и уставни судии за зголемувањето на платите

Кривични пријави за косовските министри и уставни судии за зголемувањето на платите

среда, 13 јуни 2018, 13:09ч.   |   Z.H.

 Пратеничката од опозициското Движење Самоопределување Албулена Хаџиу најави кривични пријави за косовскиот премиер Рамуш Харадинај и министрите во неговата Влада поради одлуката за двојно зголемување на сопствените плати, но и за членовите на Уставниот суд кои пресудија во полза на таа одлука.

 
 
Хаџиу, која во име на 30 пратеници на Собранието на Косово го поднесе во Уставен суд барањето за испитување на законитоста на одлуката на Харадинај, за весникот „Зери“ изјави дека одлуката на судот претставува злоупотреба на јавните пари.
 
Косовскиот Уставен суд, и покрај забелешката на Антикорупциската комисија дека се работи за конфликт на интереси, ја поддржа одлуката на Харадинај да си ја зголеми сопствената плата од 1.430 на 2.950, како и двојно да ги зголеми платите на другите членови на владиниот кабинет. Меѓутоа, корист од оваа одлука ќе имаат и самите членови на Уставниот суд, на кои платата им се покачува од досегашните 1.650 на 3.400 евра.
Харадинај вчера му наложи на министерот за финанси да ја спроведе ретроактивно одлуката за зголемување на платите, со што во јули ќе му се исплатат 3.000 евра плата и уште 9.000 евра ретроактивно од зглоемувањето на платата според одлуката од декември минатата година. Министрите исто така ќе инкасираат по околу десетина илјади евра.

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Во Србија ќе се наплаќа патарина и на магистралните патишта
Во декември Ципрас во официјална посета на Москва
Се појави видео од ликвидацијата на Гркот во кого пукаа албански специјалци
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Младенци од БиХ се испокарале на сред свадба, веднаш покренале развод, еве и зошто
Хорор: Актерката од „Село гори, а баба се чешла“ пронајдена мртва, вереникот е во кома
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.