Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

(Видео) Експресна средба – Шест минути траеше состанокот меѓу Заев и Иванов

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

(Видео) Експресна средба – Шест минути траеше состанокот меѓу Заев и Иванов
vladin-vozilo-pridruzba-3.jpg

Само шест минути траеше средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

Како што информира репортерот на „Макфакс“, владиното возило со полициска придружба, во претседателската резиденција пристигнало во 10.03 минути, а Вила Водно ја напуштило во 10.09 минути, по што портите биле затворени.

Според официјалните изјави на премиеритe на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, договорено е новото име на Македонија – Република Северна Македонија (Republic of North Macedoniia) со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Од друга страна пак, Иванов инсистира на решение кое нема да предизвика уставни промени. Македонскиот претседател во текот на вчерашниот ден оцени и дека несериозно и неодговорно е прашањето за името да се решава телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.

 13.06.2018, 11:20  | Xh.I. | 63

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3356
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.