МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Нимиц: Чест ми е што бев медијатор – го поздравувам решението

Нимиц: Чест ми е што бев медијатор – го поздравувам решението

среда, 13 јуни 2018, 11:19ч.   |   Xh.I.

Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц го поздрави заедничко прифатено решение што го постигнаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за повеќедеценискиот спор за името.

Нимиц изрази чест што посредувал меѓу двете земји и им благодари на двајцата министри за надворешни работи кои демонстрирале лидерство, визија и решеност во преговарачкиот процес и не се откажале од напорите да се најде заеднички корисно решение за нивните нации и за целиот регион.

– Би сакал да им честитам за успешното завршување на преговорите за разликите кои постоеја меѓу нив. Не се сомневам дека договорот ќе доведе до зајакнување на односите меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивните граѓани. Охрабрен сум од решеноста на двете влади да придонесат за взаемна корист на нивните граѓани преку воспоставување стратешко партнерство како основа за интензивна соработка во сите области – се вели во пишаната изјава на медијаторот.

Нимиц вели дека чест му било што ја имал улогата на олеснувач помеѓу двете страни му оддаде признание на Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за неговата непоколеблива поддршка и длабок интерес и на другите колеги во Обединетите нации за нивниот драгоцен придонес кон процесот.
 

© ЖУРНАЛ    ~96,32

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.