МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Економија
Тевдовски:Работиме на подобрување на деловна клима и постепена фискална консолидација

Тевдовски:Работиме на подобрување на деловна клима и постепена фискална консолидација

понеделник, 11 јуни 2018, 14:36ч.   |   Z.H.

 Реформи во насока на подобрување на деловното окружување и постепена фискална консолидација, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата по повод започнување на изработка на Програмата за економски реформи 2019-2021. На конференцијата присуствуваше амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар и сите инситуции кои се вклучени во подготовката на реформскиот документ кој се доставува до ЕУ. Тевдовски најави реформи во насока на прецизирање на надлежностите на инспекторатите, за поголема предвидливост на деловното окружување и подобра деловна клима. Тој исто така посочи дека до крајот на оваа година ќе се донесе и нов закон за буџети, кој предвидува среднорочно буџетирање и воведување фискален совет. Како што истакна министерот за финансии, се работи на постепена фискална консолидација, преку мерки и на приходната и на расходната страна. Тевдовски најави дека ќе се преземат мерки за подобро таргетирање на социјалните придонеси и субвенции, како и дека Министерството за труд и социјала и Министерството за земјоделство веќе работат програми со Светска банка и Европска комисија во таа насока.

 
Тевдовски на конференцијата се осврна и на претходната Програма за економски реформи и рече дека Македонија имала најдобро остварување во реформите претходната година од сите останати земји претенденти за членство во ЕУ. -За првпат имаме јасна и кредибилна стратегија за реформи во јавните финансии, подготвена заедно со ЕУ. Таа содржи акционен план за подобрување на сите поважни елементи на системот на јавни финансии во следните три години. Значително е подобрена транспарентноста. Денес граѓаните имаат увид во тоа како се трошат државните пари. Се објавуваат граѓански буџети, како и низа извештаи за извршување на буџетот, кои порано не беа достапни на јавноста. Јавно се достапни и договорите за јавни набавки на институциите, а со новиот закон ќе бидат достапни и сите понуди доставени на тендерите-рече Тевдовски. Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, исто така посочи дека Македонија имала најдобро остварување во спроведувањето на реформите минатата година во однос на сите други земји, како и дека го подобрила сопствениот резултатот во однос на претходните години. – Достигнат е видлив прогрес во управувањето со јавните финансии. Земјата започна со имплементирање на реформската програма која ја усвои, а и драстично е подобрена фискалната транспарентност. Народната банка во континуитет спроведува стабилна монетарна политика, одржувајќи го нивото на денарот и ценовната стабилност. Владата го лимитираше носењето на закони по скратена постапка. Исто така, сега сите министри се обврзани да ги објавуваат законите на ЕНЕР за јавна консултација. усвојувањето на стратегијата за образование содржи чекори за подобрување на квалификациите на наставниците- рече Жбогар. Програмата за економски реформи е сеопфатен документ за економското управување, кој земјите аспиранти за членство се обврзани да го поднесуваат до Европската комисија секоја година. Програмата 2019-2021 треба да се достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година.

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Бензините поевтинуваат за 4 и 4,5 денари
Поскапуваат бензините и дизелот
Поскапување на горивата за еден денар
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.