МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Економија
Енергетската заедница ги повлече споровите против РМ

Енергетската заедница ги повлече споровите против РМ

понеделник, 28 мај 2018, 15:38ч.   |   Xh.I.

Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ги повлече поднесените барања за спорови против Република Македонија, соопшти Кабинетот на заменик-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– По серија јавни расправи во кои беа вклучени сите засегнати страни, во транспарентна постапка, Собранието на 21-ви мај 2018 година го донесе новиот Закон за енергетика, во кој се транспонирани ЕУ директивите и регулативите на  Третиот енергетски пакет. Со новиот закон се враќа основното човеково право на избор на потрошувачот од кого ќе се снабдува со енергија, а воедно и се исполнуваат  условите за отворање на пазарот на електрична енергија, што ќе донесе поголема конкуренција и подобар квалитет на услугите на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението.

Од Кабинетот на Анѓушев посочуваат дека преку  креирање на новото законско решение  Владата недвосмислено покажа политичка волја  и посветеност за спроведување на реформите во енергетскиот сектор.

Потсетуваат дека овој суштински закон требаше да биде донесен најдоцна до 1 јануари 2015 година, а поради ненавременото исполнување на преземените обврски од Европската Унија и нетранспонирање на Третиот енергетски пакет,  Секретаријатот на Енергетската заедница имаше покренато постапки за спорови кон Република Македонија:

Во соопштението појаснуват дека Спор 2/15, е отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница, за неуспех за транспонирање и имплементирање на одредбите за отворање на пазарот на електрична енергија, за што рокот  согласно Договорот за основање на Енергетската заедница беше 1 јануари 2015 година за сите потрошувачи  (вклучувајќи ги и домаќинствата).

Спор 9/16 е отворен од Секретаријатот на Енергетска заедница, за неусогласување со Договорот за основање на Енергетската заедница, односно нетранспонирање и неимплементирање на Третиот енергетски пакет до утврдениот рок од 1 јануари 2015 година.

© ЖУРНАЛ    ~141,47

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Нови правила за увоз на половни автомобили
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.