МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Свет
Четворица руски војници загинаа во Сирија

Четворица руски војници загинаа во Сирија

недела, 27 мај 2018, 18:31ч.   |   Z.H.

 Во оган што го отвориле екстремистите во Сирија, загинале четворица припадици на руската војска, соопшти министерството за одбрана на земјата.

 
„Двајца руски воени советници кои ја контролираа стрелбата на сириската артилерија, загинаа на лице место. Уште пет припадници на руската војска се ранети и веднаш се пренесени во руската воена болница. Воените лекари се бореа за животот на уште двајца ранети војници, но не успеаја да ги спасат“, се наведува во соопштението, пренесува „ТАСС“.
 
Според тврдењата на министерството, судирите се случиле во сириската провинција Деир ез Зор кога неколку единици на терористичките групи ја нападнале сириската артилерија.
 
Сириските сили заедно со руската војска се вмешале во битката.
 
„Во текот на борбата, која траеше скоро еден час, војската уби 43 терористи и уништи шест нивни возила со оружје од голем калибар кое беше монтирано на нив“ – се наведува во соопштението на министерството.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Шок на улица во Турција: За секунда се отвори дупка во земјата и „проголта“ две жени (ВИДЕО)
Кина изгради железничка пруга за пет и пол часа
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
Видео: Кина го отвори најдолгиот прекуморски мост во светот
Најмалку четири жртви при урување на зграда во Бахреин
Блокирани улиците на Барселона на годишнината од неуспешниот референдум
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.