Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Мицотакис: „Илинденска Македонија“ е „ерга омнес“ на иредeнтизмот

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

Мицотакис: „Илинденска Македонија“ е „ерга омнес“ на иредeнтизмот
kyriakos-mitsotakis.jpg

 „Илинденска Македонија“ е најлошото можно решение за спорот со името, изјави во интервју за грчката телевизија „Скај“, лидерот на главната опозициска партија во Грција „Нова Демократија“, Киријакос Мицотакис.

 
– „Илинденска Македонија“ е „ерга омнес“ на иредентизмот, смета Мицотакис.
 
Тој додаде дека уставната ревизија е од витално значење и дека решението ќе биде можно само кога истото ќе им служи на националните интереси на Грција.
 
– Уште од самиот почеток ставивме национална рамка за сеопфатно пакет решение со промена на Уставот и целосно елиминирање на иредентизмот. Јавно ќе ги соопштам моите ставови кога ќе го видам конкретниот предлог , како што направив кога премиерот ми јави дека преговараат за „Илинденска Македонија“,  изјави Мицотакис.
 
Во однос на внатрешно политичките состојби во Грција, тој навести дека доколку победи на следните парламентарни избори ќе се стреми кон создавање на широка коалиција, но ги исклучи од плановите владејачката „СИРИЗА“ и „Независните Грци“.
 
Мицотакис за време на интервјуто се осврна и на неодамнешниот напад врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
 
„Насилството мора да биде осудено безразлика дали доаѓа од лево или од десно“, изјави Мицотакис кој сепак ја искритикува работата на Бутарис, велејќи дека тој не е успешен како градоначалник, бидејќи за доброто или лошото управување се суди според квалитетот на секојдневниот живот.
 27.05.2018, 18:28  | Z.H. | 60

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3510
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.