МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Бени Шаќири: И ВМРО ДПМНЕ да беше на власт, ќе го поддржев референдумот!
Македонија ќе бара спас за железничката линија Белград-Скопје-Солун
АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ
Тевдовски: поддржуваме решение пензонерите да не вршат регистрација во УЈП
Македонија
Во Скопје пристигна ЕУ-автобусот

Во Скопје пристигна ЕУ-автобусот

сабота, 26 мај 2018, 18:46ч.   |   Z.H.

 Во Скопје пристигна ЕУ-автобусот кој е дел од Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход во која е вклучена и Македонија. Целта на кампањата е донесување закон за минимален приход во Македонија заради поквалитетен живот на луѓето и нивно извлекување од сиромаштијата.

 
Билјана Дуковска, претседателка на Македонската платформа против сиромаштија и членка на Европската мрежа за минимални приходи, вели дека нивните заложби се воведување на минимален приход, кој што е поголем од социјалната помош, но којшто би се движел некаде над линијата на сиромаштија и под линијата на минималната плата.
 
– Во Македонија се соочуваме со многу ниска минимална плата, која не гарантира достоинствен живот на граѓанаите, но она што е поголем проблем за нас е тоа што минималниот приход не смее да ја надмине минималната плата и со тоа да направиме луѓе кои не сакаат да одат на работа, туку да седат и да добиваат пари. Минималниот приход ќе значи не само пари за граѓаните односно повеќе пари од она што е сега социјалната помош, меѓутоа и дополнителен сет услуги кои што ќе им го олеснат животот, како и поддршка во наоѓањето работа, бидејќи нашите граѓани не бараат социјална помош бараат сериозни работни места на кои ќе можат со достоинство да работат и достоинствено да заработуваат, појаснува таа.
 
Робин Хана експерт за гарантирани шеми за минимален приход и поранешен координатор на Ирската платформа против сиромаштија истакнува дека со кампањата се опфатени 32 земји членки на ЕУ и земји – кандидати со цел да ја истакне важноста на минималниот приход во подобрување на животните услови на лицата во сиромаштија. Тој нагласува дека во повеќето земји постојат шеми за минимален приход, но тие не се адекватни поради висината на сумата која ја утврдуваат или заради исклученост на одредени групи од неа.
 
– Минималниот приход треба да е европски приоритет. Тој не е единствениот начин за борба против сиромаштијата, важни се и вработувањето, услугите во здравството, образованието и грижата за деца, но е суштествен за живеење достоинствен живот. За жал во многу земји шемата на минималниот приход не им го овозможува тоа. Со кампањата сакаме да утврдиме што е потребно за да се дефинира шема за минимален доход која треба за да се постигне прифатлив стандард во секоја од земјите. Тоа е обврска на Европа како целина, а не само на секоја земја поединечно, оти делат заедничка обврска да изградат солидарност и да се поддржат во постигнување силен социјален систем, вели Хана.
 
Двајцата се охрабрени од најавите за воведување на шема за мининимален приход во новиот закон за социјална заштита кој го подготвува МТСП.
 
Поддршка за кампањата изразија и од НВО „Новинари за човекови права“ кои денеска го одбележаа 28 Мај – Денот за одржување на менструална хигиена, поврзувајќи го ова прашање со проблемот на сиромаштијата. Изнесоа и препораки до властите за подобрување на санитарните услови и до бизнис заедницата.
 
Кампањата утре продолжува во Делчево. ЕУ автобусот тргна од Брисел на 24 април, а кампањата ќе заврши во јули.
 

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Журнал дознава кои министерства Заев му ги понудил на Мицкоски да биде дел од Владата
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на улиците и луѓе каков горат во кафези
Одбележани 16 години од убиството на двајца полициски резервисти во Гостивар
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
МВР со дупки во приказната за џипот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.