Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Реал не го дава Асенсио, клубот одбил две понуди од 150 милиони евра

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Фудбал

Реал не го дава Асенсио, клубот одбил две понуди од 150 милиони евра
asensio_1.jpg

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио и натаму е желба на гигантите од Англија, но по се изгледа дека неговата иднина е поврзана со „Сантијаго Бернабеу“.

Неговиот агент Хорацио Гихиоли потврди дека европскиот шампион добил две исклучително атрактивни понуди за шпанскиот репрезентативец.

– Два тима од Англија доставија понуди за Марко, што Реал ги одби. Тие беа за околу 150 милиони евра, рече Гихиоли.

Во договорот на 22-годишниот Асенсио со Реал има клаузула за откуп од 700 милиони евра, а неговиот агент потсети дека и Барселона своевремено имала шанса да го добие.

– Пред Асенсо претстои неверојатна иднина. Точно е дека Барселона можеше да го има и Пеп Бартомеу (шефот на Барселона) знае дека згрешил. Има такви работи во животот. Тогаш Флорентино Перез едноставно одговори побрзо, објасни агентот на играчот од средниот ред.
 

 25.05.2018, 11:18  | Xh.I. | 39

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

3235
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.