Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Кучан: Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за името

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Македонија

Кучан: Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за името
-_333.jpg

Македонија покажа доволно храброст во обидот со Грција да изнајде решение за спорот со името, кое е сложено и кое е неправедно кон Македонија, изјави првиот словенечки претседател Милан Кучан.

Ова прашање, смета тој, не може да биде само билатерално прашање меѓу Македонија и Грција, туку тоа е и прашање  на Европската унија, која треба многу повеќе да се ангажира.

- Но, бидејќи тоа прашање е нерешено долги години и главна препрека за почеток на преговори, или барем една од главните препреки за почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, мислам дека решавањето на тоа прашање би покажало дека Македонија е подготвена да ги исполни условите и да се покаже како веродостојна кандидатка, а од друга страна ЕУ мора да ја покаже својата волја дека сака да ја прими Македонија во своите редови, да ја отвори вратата на Европската унија. Мислам дека досега ЕУ не покажа големо ангажирање и постојано со прст покажувајќи дека треба прво да се решат прашањата во Македонија, вели Кучан.

Друго прашање е, наведува тој, зошто толку се одлага процесот на проширување на Унијата.

- Знаете дека за тоа работите се блокирани, не само во однос на Македонија бидејќи тука, пред се, се барањата на Франција да се посвети повеќе внимание на внатрешните односи во Унијата, внатрешната интеграција, за така во таа нова кондиција ЕУ да биде подготвена да им ги отвори вратите на новите членки, рече Кучан.

Во интервјуто за МИА, првиот словенечки претседател вели дека во регионот и во Европа недостасуваат државници кои ќе бидат подготвени да прифатат одговорност за своите одлуки, имајќи предвид какви долгорочни последици ќе имаат тие одлуки за нивните земји, за населението и пошироко.

 18.05.2018, 09:34  | Xh.I. | 37

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

9770
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.