Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Енис Барди – еден од Топ 5 најдобри трансфери во Ла Лига за сезоната 2017/2018!

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Фудбал

Енис Барди – еден од Топ 5 најдобри трансфери во Ла Лига за сезоната 2017/2018!
bardi-slavi.png

Трансферот на македонскиот репрезентативец Енис Барди е еден од петте најдобри трансфери за сезоната 2017/2018 во шпанската Ла Лига, според изборот на „Ас“. Уште едно признание за одличната сезона на Барди се токму епитетите на Шпанците кои се сервираат за еден од најдобрите македонски фудбалери.

Ангажманот на македонскиот репрезентативец е најдобриот потег на Леванте сезонава, кој за сума од 1,5 милиони евра го купи Барди од унгарски Ујпешт.

Според актуелните проценки на шпанските фудбалски аналитичари моменталната вредност на Енис Барди на фудбалскиот пазар изнесува најмалку 10,5 милиони евра. Токму и тоа е еден показател за повеќе од успешниот потег на Леванте да го ангажиран на почетокот од сезоната.

Барди сезонава во шпанската Примера има 9 погодоци, од кои пет од слободен удар, во 25 одиграни натпревари.

 18.05.2018, 09:31  | Xh.I. | 84

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4948
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.