МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Македонија
Партијата за движење на Турците бараат една изборна единица без цензус

Партијата за движење на Турците бараат една изборна единица без цензус

петок, 18 мај 2018, 11:25ч.   |   Xh.I.

Од Партијата за движење на Турците (ТХП), порачаа дека на следните парламентарни избори треба да се случи суштинска промена на изборниот модел и конечно целата територија на Република Македонија да биде една изборна единица и тоа без цензус.

„Само на тој начин големите партии ќе покажат вистинска волја за плурализам и демократичност. Со ваквата реформа на изборниот законик конечно и помалите партии кои имаат квалитетна програма ќе добијат шанса да освојат место во Собранието на Република Македонија. Со овој изборен модел не само граѓаните од турската етничка заедница, туку сите помалку бројни етнички заедници ќе имаат зголемени шанси за парламентарно претставување, кое е особено важно за негување на мултикултурниот карактер на Република Македонија. Единствено преку ваков пристап може да докажеме дека како општество сме зрели и искрено ја поддржуваме идејата на општество на еднакви можности“ се наведува во соопштението од Партијата за движење на Турците.

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.