Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

За новиот предлог Заев прво ќе ги информира претседателот Иванов и лидерите на партиите

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

За новиот предлог Заев прво ќе ги информира претседателот Иванов и лидерите на партиите
img-393060.jpg

Владата ниту ја потврдува, ниту ја демантира информацијата што во текот на вчерашниот ден се појави во одредени медиуми дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“.

„Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни“, денеска соопштија од Владата за МИА.

Ставот е речиси идентичен од искажаното од премиерот Заев на вчерашната прес конференција во Софија.

Владата, меѓутоа, за МИА соопшти дека „нема да следат натамошни коментари за темата,  бидејќи за текот на преговорите прво треба да бидат информирани претседателот на државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и другите лидери, што ќе се случи во скоро време“.

 18.05.2018, 11:22  | Xh.I. | 57

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

4928
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.