Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Судски рочишта за 300 возила во МВР и софтверот на ЕЛЕМ

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Македонија

Судски рочишта за 300 возила во МВР и софтверот на ЕЛЕМ
osnoven_krivicen_sud_2-696x365.jpg

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови судски рочишта за предметите на СЈО „Триста“ и „Тарифа“.

Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

За случајот „Тарифа“ во судница денеска ќе седнат и Дејан Бошковски, поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ и уште две други лица.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП Систем“.

Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

 16.05.2018, 09:32  | Xh.I. | 51

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10438
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.