Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

На повидок голема трампа: Милан го дава Донарума, за ѕвезда на ПСЖ

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Фудбал

На повидок голема трампа: Милан го дава Донарума, за ѕвезда на ПСЖ
34071-na-povidok-golema-trampa-milan-go-dava-donaruma-za-dzvezda-na-pszh.jpg

Милан е очаен да го засили нападот за следната сезона, откако Андре Силва и Никола Калиниќ се покажаа како целосни утки.

Двајцата имаат очаен ефект, а најдобар стрелец на „росонерите“ е младиот Патрик Кутроне, кој никој не очекуваше ниту да има минутажа. Сепак, тој ја искористи лошата форма на засилувањата, кои го чинеа Милан вкупно 65 милиони евра и си го заслужи своето место во почетната постава.

Поради ова раководството на италијанските гигант сега е во потрага по еден голгетер од светска класа. Се спомеуваше Радамел Фалкао како една од опциите, но Милан сега има нов план. Со оглед на фактот дека Џиџио Донарума е желба на ПСЖ, седумкратниот европски првак е подготвен да го трампа младиот голман за Единсон Кавани.

Донарума покажа дека е доста слаб под притисок, биејќи на последните два натпревари на кои се решаваше судбината на Милан, тој направи сериозни киксови. Најпрво прими два аматерски гола против Јувентус во финалето на Копа Италија и поразот од 4-0, а изминатиот викенд повторно не реагираше како што треба против Аталанта, која успеа да го израмни резултатот на 1-1 во 92-та минута.

Навивачите уште од минатото лето ја загубија сета почит за 19-годишниот талент, кој од клубот изнуди неверојатна плата од пет милиони евра и плус еден милион евра за неговиот брат. Тие во Бергамо не го прифатија ниту неговиот дрес, па јасно е дека веќе не е омилена личност помеѓу навивачите.

Кавани сигурно на Милан би му гарантирал дваесетина голови во сезоната, со оглед на фактот дека има искуство во Серија А, како фудбалер на Наполи и Палермо. Уругваецот сигурно би бил засилување какво навивачите сакаат да видат во Милан, а и самиот фудбалер има желба да го напушти ПСЖ откако влезе во отворена кавга со Нејмар.
 

 16.05.2018, 15:08  | Xh.I. | 46

 

© ZURNAL.mk

 Фудбал 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

10390
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.