Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Фатени шверцери на кокаин и марихуана, петмина во притвор

Премиерот Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта
Погрдни графити на спомен одбележјето на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Кума..
Преговорите за името се селат во Брисел
Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Црна хроника

Фатени шверцери на кокаин и марихуана, петмина во притвор
ger-kokain.jpg

 Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони шест лица, од кои петмина за новластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и еден за помагање. Петмина од нив се уапсени и им е одреден 30-дневен притвор. Шестиот е во притвор во Србија. Според обвинителството, осомничените се дел од два одвоени настани случени во текот на 2017 година, а за кои беше побарана и меѓународна правна помош од Србија.

 
„Во текот на 2017 година на територија на Србија беа запленети 128 килограми и 670 грама марихуана, како и 440 грама кокаин и 1330 грама смеса за мешање (фанацетин и манитол), кои оваа група сакала да ги транспортира до Република Македонија и Република Србија“, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
 
По низата оперативни мерки и активности, вчера врз основа на наредба на судија на претходна постапка извршни се претреси на неколку локации и тоа на подрачје на Тетово (три претреси) и Прилеп (четири претреси) со цел приведување на припадниците на групата, и дополнително обезбедување материјални докази околу организираните транспорти на кокаин и марихуана.
 
Во рамки на криминалистичкото истражување обезбедени се докази за два транспорти на наркотична дрога и остварена е соработка со српските органи. Во првиот случај утврдено е дека лицата Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово, во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 кг кокаин по цена од 25.000 евра и смеса за мешање. За таа цел организирале транспорт при што кокаинот го сместиле во „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки со намера да го пренесат од Белгија во земјава.
 
На 23 септември 2017 година на излез од Србија (ГП Прешево), од страна на српски полициски и царински службеници сопрен е „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки, управуван од страна на Н.Д., по што тој почнал да бега, илегално ја преминал границата и влегол во земјава. По извршен преглед на возилото пронајдени се два пакети наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 440 грама и смеса за мешање (фанацетин и манитол) со вкупна маса од 1330 грама. Паричните сретства за набавка на кокаинот по инструкции од Н.Д., се префрлени од страна на Е.А. (35) од Прилеп, за лицето од Белгија.
 
Во рамки на вториот случај, пак, утврдено е дека Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со А.М. (53) од Тетово ја сместиле во камион. Притоа Ј.И. го ангажирал И.И. (70) од Тетово, да изврши транспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија. На 20 декември 2017 година од страна на српската полиција во близина на Владичин Хан, сопрен е камион во кој се резервоарот биле пронајдени 131 пакувања со марихуана. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 128 килограми и 670 грама.
 16.05.2018, 14:39  | Z.H. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Црна хроника 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22654
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.