МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април" организирани и со фантомки влегле во Собранието
Заев-Галовеј: Потврдена поддршката од Обединетото Кралство за спроведувањето на пресп..
ОЈО: На „27 април“ полицајците се повлекле, а обвинетите организирани и со фантомки в..
Димитров до Палмер: Македонските граѓани својата иднина ја гледаат во евро-атлантскот..
Македонија
СИРИЗА: Нова демократија дозволи употреба на уставното име на Македонија

СИРИЗА: Нова демократија дозволи употреба на уставното име на Македонија

среда, 16 мај 2018, 13:51ч.   |   Xh.I.

Грчката владејачка партија СИРИЗА упати остри критики до опозициската Нова демократија, заради учеството на Македонија под уставното име на настан во Брисел, организиран од Европската народна партија, чиј член е најголемата грчка опозициска партија.

Станува збор за настанот „Brussels tastes the Balkans“ односно дегустација на балканската кујна во Брисел, што ќе се одржи на 22 мај со учество на девет ресторани од девет земји, а во најавниот флаер, Македонија е под уставното име.

Од СИРИЗА преку соопштение ја обвинуваат Нова демократија за „хипокризија што стигнува до гранцата на провокација за едно толку критично прашање“, затоа што Европската народна партија чиј член е Нова демократија официјално го поддржува настанот.

– Во исто време кога Нова демократија на сите страни разгласува дека не сака решавање на спорното прашање и не е подготвена да прифати каква било употреба на терминот „Македонија“ од соседната земја, учествува преку Европската народна партија во иницијативи што ја признаваат ПЈРМ со името „Македонија“. Ова е невидена политичка и дипломатска апсурдност – пишува во соопштенето од СИРИЗА во кое бараат лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, Европската народна партија и сите вмешани страни да дадат објаснување и да преземат соодветни корективни мерки.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.