Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Разбиена група фалсификатори, за 20 000 долари печателе пасоши и визи за САД

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Регион

Разбиена група фалсификатори, за 20 000 долари печателе пасоши и визи за САД
sad-amerikanski-pasos.jpg

 Албанската полиција во соработка со полиции од неколку земји разби голема група фалсификатори на пасоши и визи за САД. Во акцијата се уапсени 41 лице – најголемиот број од фалсификаторите се од Тирана и други градови во Албанија. Албанската полиција соопшти дека во групата  фалсификатори имало и двајца припадници на полицијата.

 
Во соопштението на полицијата и обвинителството се оценува дека акцијата наречена ,,272“ била помогната и од странски служби. Истиот извор наведува дека се откриени 2 лаборатории за фалсификување пасоши и визи на САД во Албанија, додека седум се откриени во Грција, од страна на грчките власти.
 
Групата фалсификатори добивала по 2о илјади долари за пасош и виза. Апликантите со фалсификувани пасоши од Албанија, Црна Гора, Грција, Франција и Норвешка  се упатувале кон САД, Канада и Велика Британија.
 16.05.2018, 17:00  | Z.H. | 72

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

24104
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.