Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

САД и донираа на Србија 22 милиони долари неповратна помош

„Катимерини“: Името Илинденска Македонија е предлог на ФИРОМ
Катимерини: Заев и Ципрас ќе разговараат за склучување меѓународен договор
Заев: Со Хоџа одлучивме да се повлече откако го слушнавме народот и опозицијата
Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Регион

САД и донираа на Србија 22 милиони долари неповратна помош
B5D18F87-7BE1-4C98-8AC7-2DDB5A63DAFA_cx0_cy10_cw0_w1200_r1_s_2018515184039.jpg

 Србија и САД потпишаа два договори со кои се обезбедува дополнителна помош од 22 милиони американски долари за зголемување на конкурентноста на економијата и владеењето на правото во Србија, подобрување на медиумското опкружување и борба против корупцијата.

 
По потпишувањето на договорите во Белград со американскиот амбасадор Кајл Скат, српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ, изјави дека од 2001 година САД и доделиле на Србија околу една милијарда долари неповратна помош за подобрување на различни области на животот.
 
- Политичките односи меѓу Белград и Вашингтон имаат подеми и падови, но САД со години конкретно ги помагаат реформите во Србија во областа на развојната соработка, изјави Јоксимовиќ.
 
Нагласувајќи дека не станува збор за кредити, Јоксимовиќ изјави дека помошта е поврзана со конкретни проекти низ цела Србија за развој на малите и средните претпријатија и за подобрувањето на локалниот развој.
 
Таа додаде дека САД се еден од најважните партнери на Белград, кој го поддржува патот на Србија кон Европската унија.
 
Американскиот амбасадор Кајл Скот, на потпишување на договорите покажа мапа на Србија со повеќе од 1.850 обележени точки, каде што САД имаат помогнато во обнова на училиштата, асфалтирање на патиштата и заштита на споменици на културата.
 
- Помошта од САД пристигна во локалните заедници низ цела Србија, истакна Скат.
 
Тој изјави дека вториот договор за парична помош е поврзан со работата со владини и невладини организации, за демократскиот и економскиот развој на Србија, полесно доделување на градежни дозволи, нови работни места, реновирање на судиви и намалување на можностите за корупција во Србија. 
 16.05.2018, 16:46  | Z.H. | 36

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

9949
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.